Кога и како да кликнете двапати

Што е двоен клик?

Две слики од глувче, со нагласено лево и десно копче
  1. Едно вообичаено глувче има две копчиња – едно лево и едно десно.
Пример за подлога за движење со нагласени копчиња
  1. Исто така, подлогата на допир на некои лаптопи има две копчиња и тие имаат иста намена како и двете копчиња на глувчето.
Пример за еден лев клик на глувче
  1. Кога зборуваме за клик (click), мислиме на едно притискање на левото копче на глувчето. Тоа обично го вршиме со показалецот. Ова можеме да го наречеме лев клик (left click) или само клик (click).
Пример за двоен лев клик на глувче
  1. Кога зборуваме за двоен клик (double click), зборуваме за две последователни кликнувања на левото копче на глувчето, едноподруго и брзо. Кога го притискате копчето двапати, ќе слушнете клик-клик.

Кога ни треба еден клик, а кога двоен клик?

Ајде го погледнеме овој пример со работната површина на компјутер.

Достапни се три ставки и секоја претставена со една икона. Икона е мала слика што претставува компјутерска програма или датотека. Иконите ја вклучуваат програмата наречена Word, иконата на Google Chrome и папката наречена Одмор (Holiday).

Ако кликнеме еднаш (click once) со левото копче на глувчето (она што го нарекуваме еден клик (single click), можеме да избереме една од ставките.

Кога избираме ставка, таа се нагласува со сиво поле (highlighted with a grey box).

Но, ако сакаме да отвориме (open) ставка, треба да кликнеме двапати (double click) на нејзината икона. Ова значи дека треба да кликнеме брзо и двапати со лев клик на глувчето за да видиме што содржи папката или за да отвориме програма.

Вообичаена работна површина на компјутер на која се прикажуваат некои икони на програми

Па, за да заокружиме, на работната површина на вашиот компјутер:

  • кликнете еднаш (наречено клик (click)) користејќи го левото копче на глувчето за да изберете (select) икона.
  • кликнете двапати (наречено двоен клик (double click) на икона користејќи го левото копче на глувчето за да отворите (open) програма или папка.
Врвен совет: Ако не сте сигурни дали за нешто треба еден или двоен клик, прво пробајте со еден клик. Ако не се случи ништо, пробајте со двоен клик.